Атлетико Мадрид се пофали со скапото засилување од Манчестер Сити (ФОТО)
Редакција12 авг 2024

Хулиан Алварез и официјално е нов фудбалер на Атлетико Мадрид. Напаѓачот доаѓа од Манчестер Сити, кој со неговата продажба го сруши клупскиот рекорд.
You are not ready 😏 pic.twitter.com/AK5JdHNuOF
— Atlético de Madrid (@atletienglish) August 12, 2024
Алварез, потпиша шестгодишен договор со Атлетико Мадрид, односно до 2030 година. 24-годишниот Аргентинец, репрезентативец на својата земја, е разновиден напаѓач кој е брз, вешт. и има одлична способност да се поврзува со своите соиграчи. Тој е способен да игра и како плејмејкер.
Манчестер Сити ќе инкасира 75 милиони евра од оваа продажба, сума која може да порасне за уште цели 20 милиони евра, низ разни бонуси.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



