SportM
Фудбал

Атлетико Мадрид во последната секунда избегна пораз од Еибар

Д М15 сеп 2018
Атлетико Мадрид во последната секунда избегна пораз од Еибар

Фудбалерите на Атлетико Мадрид денеска ремизираа на домашен терен против Еибар (1:1) во рамките на четвртото коло од шпанската Ла Лига.

Атлетико беше фаворитот на денешниот натпревар и навивачите на домашната екипа очекуваа нова победа, но на крајот разочарани го напуштиа стадионот затоа што Еибар успеа да дојде до бод иако гостите до последната секунда го имаа „целиот плен“.

Домашниот тим вкупно упати 15 удари кон голот на Еибар, а осум од нив беа во рамките на голот, но немаа лек за одличниот голман Димитровиќ кој беше одличен на голот на гостите. Димитровиќ одбрани неколку зицери на играчите на Атлетико и беше еден од најзаслужните што Еибар го напушти Мадрид непоразен.

Гостите дојдоа во водство во 89. минута кога Енрих погоди за 0:1 и по се изгледаше дека ќе му донесе победа на својот тим. Сепак, во последните секунди од натпреварот Атлетико дојде до бод, кога во 95. минут мрежата на Димитровиќ ја затресе Морено и ги постави конечните 1:1.

Атлетико моментално е на четвртата позиција со пет освоени бодови, а Еибар на 11. место на табелата со еден бод помалку.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.