SportM
Кошарка

Атрактивна Србинка стана првата жена тренер на машки тим во најсилната бразилска лига

Редакција21 јул 2025
Атрактивна Србинка стана првата жена тренер на машки тим во најсилната бразилска лига

Фото: tv21m

Атрактивната Јелена Тодоровиќ од Србија, која поседува и австралиско државјанство, стана вистински хит во Бразил, каде што ќе работи во претстојниот период.

Тодоровиќ е кошаркарска тренерка, а во Бразил стана првата жена што ќе биде на чело на машки тим од елитната лига, и тоа на екипата Форталеза Баскет Сеаренсе.

„Тука не сум само како тренер, туку и како претставник на моето семејство, мојот народ и мојата земја. Целосно сум посветена на тоа да оставам значаен и траен белег во бразилската кошарка – белег што ќе ги надмине победите и поразите и ќе допре до срцето на заедницата“, изјави Тодоровиќ по потпишувањето на договорот со Форталеза.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.