SportM
Фудбал

Азар: „Бразил, Франција и Аргентина се фаворити за освојување на СП“

Д М16 ное 2022
Азар: „Бразил, Франција и Аргентина се фаворити за освојување на СП“

Капитенот на белгиската фудбалска репрезентација Еден Азар изјави дека Бразил, Франција и Аргентина се главни фаворити на претстојното Светско првенство во Катар, пренесува шпанскиот спортски весник „Марка“.

Белгија на Светското првенство ќе игра во групата Ф со Хрватска, Мароко и Канада.

„Белгија е добра, имаме добри фудбалери и поискусни сме од пред четири години во Русија кога бевме трети, но јас не играм, Ромелу Лукаку е повреден… Мислам дека има подобри репрезентации од нас. Прво цел Бразил, па Франција и Аргентина“, изјави играчот на Реал.

Во 2019 година Азар пристигна во Реал за 115 милиони евра, а за мадридскиот клуб одигра 72 натпревари и постигна седум гола.

„Ова Светско првенство е последна шанса да му покажам на светот дека сè уште сум тој. Морам да им докажам на сите дека можам да играм фудбал. Луѓето се сомневаат дека можам, но јас не. Јас сум добар играч , но во последните три години немам среќа. Јас сум човек кој не играл многу натпревари во последните три години. Играм по пет, десет или 15 минути одеднаш“, додаде Азар.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.