SportM
Фудбал

Азар патува во САД, во четврток на операција?

Д М2 мар 2020
Азар патува во САД, во четврток на операција?

Еден Азар пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето како големо засилување. Требаше Белгиецот да ги „крене“ кралевите, но тоа не се случи.

Веднаш беше јасно дека по пристигнувањето во Реал, тој имаше проблеми со вишокот килограми. Тој едноставно не беше во оптимална физичка форма, а потоа дојдоа и повредите.

Само што се опорави од една, Азар сега претрпе нова сериозна повреда.

Реал Мадрид синоќа ја совлада Барселона на „Бернабеу“, но вестите за славењето по победата на големото дерби нагло беа прекинати со вести за повредата на Азар. Поточно, пристигна дијагнозата.

Еден Азар се повреди во 67-та минута од дуелот со Леванте, кој се случи на 22 февруари, денес се појавија информации дека Белгиецот имал скршена коска на десната нога.

Веднаш беше јасно дека Азар ќе мора да биде подложен на операција, а сега од Шпанија се појавија вести дека операцијата ќе се изврши уште во четврток.

Азар, наводно, ќе биде опериран во Далас (САД), а наскоро треба да тргне на патување, придружен од медицинскиот тим на Реал Мадрид.

Се верува дека Азар ќе паузира два месеци по операцијата, па веројатно го одиграл своето за оваа сезона во дресот на Реал Мадрид. Сепак, постои реална шанса да биде подготвен за Евро 2020.

Инаку, натпреварот против Леванте беше втор на Хазард откако се опорави од тешката повреда на глуждот. Истото го заработи на крајот на ноември минатата година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.