Азар пристигна на „Бернабеу“ и веднаш ги воодушеви навивачите на Реал Мадрид

Еден Азар денеска официјално ќе биде претставен како нов играч на Реал Мадрид.
Азар со многу успеси помина седум сезони во Челзи, но одлучи дека е време за исчекор во кариерата и ја прифати понудата на Кралскиот клуб.
Белгијецот го потпишаа договорот со кралевите за пет сезони и призна дека го исполнил својот сон да игра во дресот на Реал Мадрид. Азар ќе биде официјално претставена денес во 19 часот на „Сантијаго Бернабеу“ и се очекува да биде пополнет до последно место.
Голем број навивачи на Реал се појавија пред стадионот неколку часа пред да претставувањето, бидејќи сакаа да го поздрават Азар. Тој неодамна пристигна во просториите на клубот за медицински прегледи и беше изненаден кога виде колку навивачи го чекаа.
Азар веднаш ги воодушеви, бидејки се врати и одлучи да потпише неколку автограми. По медицинскиот преглед тој ќе го потпише договорот и потоа ќе излези на Бернабеу.
https://twitter.com/VamosHazard/status/1139170989827383296



