Connect with us

Фудбал

Бабунскииии, Македонците главни во Данди Јунајтед (ВИДЕО)

Втор меч и второ реми за Данди Јунајтед во новата сезона во шкотскат лига, тим за кој играат македонските интернационалци Бабунски и Трапановски. Токму првиот имаше директен удел во резултатот 1:1, откако во 48-та минута му донесе предност на гостинскиот тим Данди Јунајтед од 0:1. Сепак радоста против Рос Каунти не беше комплетна, бидејќи домаќините во 95-тата минута постигнаа гол и избегнаа пораз. За потсетување во минатото коло Данди Јунајтед одигра 2:2 против Данди ФЦ, а на тој меч гол постигна Трапановски.