Баерн е подготвен да ја исполни желбата на Рудигер
Д М24 сеп 2021

Германскиот репрезентативец Антонио Рудигер (28) е подготвен да го носи дресот на Баерн од следната сезона.
Одличниот дефанзивец игра навистина добро во дресот на Челзи и „сините“ му понудија нов договор вреден осум и пол милиони евра по сезона.
Сепак, Рудигер верува дека вреди повеќе. Тој сака плата од повеќе од 10 милиони евра, а Баерн е подготвен да му ја понуди.
Нема да биде изненадување доколку Рудигер на крајот заврши во Минхен, но треба да се напомене дека постои сериозен интерес и од други клубови и за неговите услуги.
ПСЖ и Реал Мадрид исто така се подготвени да го доведат во своите редови и германскиот фудбалер ќе има слатки маки при изборот на нов клуб.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



