SportM
Фудбал

Баерн го потврди првото заминување од Алијанц Арена: „Благодарам за се“

Д М30 мај 2022
Баерн го потврди првото заминување од Алијанц Арена: „Благодарам за се“

Баерн летово сигурно ќе направи некои промени во играчкиот кадар, а клубот од Минхен денеска го потврди првото заминување.

Во екот на шпекулациите дека Роберт Левандовски некако „под радар“ ќе го напушти Баерн, помина играчот од средниот ред Корентин Толисо, кој следната сезона нема да го носи дресот на клубот од Минхен.

Толисо по пет сезони реши да го напушти Баерн бидејќи не успеа да се договори со клубот од Алијанц Арената за продолжување на соработката.

 

27-годишниот играч за врска на крајот на следниот месец ќе биде слободен играч и ќе има право да си најде нов клуб без обештетување.

Толисо дојде во Баерн во летото 2017 година од Лион за 40 милиони евра, и успеа да освои се што може за германскиот гигант, но очигледно тој и Левандовски решија дека е време за нов предизвик.

 

Францускиот играч за врска се поврзува со клубови од Англија, Шпанија и Италија, а наскоро треба да го открие и името на новиот клуб.

 

Наводно, Толисо сериозно ја разгледува понудата на Њукасл, која е единствена конкретна во преговорите и нема да биде изненадување ако Французинот ова лето заврши на Џејмс Парк каде што сигурно би бил големо засилување.

„По пет успешни сезони, Толисо го напушта Баерн ова лето. Ви благодариме за се, Коко“, изјави Баерн.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.