SportM
Фудбал

Баерн му честиташе на Меси, но не мисли дека Аргентинецот е најдобар

Д М30 ное 2021
Баерн му честиташе на Меси, но не мисли дека Аргентинецот е најдобар

Во Париз синоќа Лионел Меси по седми пат стана сопственик на Златната топка.

Аргентинскиот репрезентативец беше награден пред Роберт Левандовски, што многумина го сметаат за неправедно бидејќи полскиот репрезентативец имаше неверојатна сезона.

И неговиот клуб Баерн го смета за најдобар во светот, без разлика што оваа чест и формално ѝ припадна на ѕвездата на ПСЖ и поранешен играч на Барселона.

„Сè уште сте најдобри за нас! Честитки за Меси за освојувањето на Златната топка“, објави Баерн на своите официјални профили на социјалните мрежи.

Забележете дека Левандовски беше прогласен за најдобар напаѓач на крајот на 2021 година, што не е изненадувачки со 64 постигнати голови во изминатите 12 месеци.

Покрај Меси и Левандовски, во топ 10 во светот се и Жоргињо, Бензема, Канте, Роналдо, Салах, Де Брујн, Мбапе и Донарума.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.