SportM
Фудбал

Баерн официјализираше уште еден трансфер

Д М2 мар 2021
Баерн официјализираше уште еден трансфер

Емилијан Мету е нов играч на Баерн Минхен.

Германскиот, европскиот и светскиот шампион се договорија и за своето трето засилување од летото. Откако веќе беа потврдени трансферите на Дајот Упамекан од Лајпциг и талентираниот Англичанец Омар Ричардс, на ред е помалку познатиот Емилијан Мету.

Перспективниот фудбалер роден 2003 година потекнува од австрискиот прволигаш Св. Полтен, и потпиша договор со Баерн до летото 2025 година и првично ќе игра за резервите на Баварците.

Централниот играч за врска веќе беше на проба во Минхен и беше воодушевен, па клубот реши да потпише повеќегодишен договор со него.

Инаку, Мету ќе остане во Св. Полтен до крајот на сезоната, а потоа се сели во Минхен каде го продолжува своето фудбалско патување.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.