SportM
Фудбал

Баерн се натпреварува со Арсенал и Ливерпул за „новиот Матс Хумелс“, вреден 55 милиони евра

SPORTM.mk28 јул 2026
Баерн се натпреварува со Арсенал и Ливерпул за „новиот Матс Хумелс“, вреден 55 милиони евра

По трансферите на Исмаел Саибари и Натанел Браун за по 55 милиони евра секој, Баерн има уште една цел во оваа трансфер-сесија, која исто така чини 55 милиони евра.

Баварците се насочени кон младиот централен бек на Штутгарт, Фин Јелч, кој се смета за „новиот Матс Хумелс“. Фусбалдатен информира дека покрај Баерн, во трка за новата sвезда на Германија се и Арсенал и Ливерпул.

Меѓутоа, бидејќи Баерн ретко дозволува заминување на младите таленти од Германија во клубови надвор од земјата, се смета за апсолутен фаворит за потпишување со Јелч.

Сепак, преговорите со Штутгарт нема да бидат воопшто лесни. Да се потсетиме на случајот од минатата година со Ник Волтемаде, кој на крај заврши во Премиер лигата во Њукасл.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.