Баерн со изненадувачка одлука за следната сезона во Лига на шампиони, навивачите може да реагираат негативно
SPORTM.mk12 ное 2026

Баерн Минхен би можел да има сосема нов изглед во следната сезона од Лига на шампиони, и тоа во однос на својот прв комплет дресови.
Според интернет-страницата Footy Headlines, каде што се објавени дресовите, баварците ќе носат специјален европски дрес следната сезона, наменет исклучиво за употреба во Лига на шампиони.
Вдахновен од ретро-стил, дресот ќе биде во „прашлива розе“ боја, со логото на Адидас и темносини ленти. Оваа одлука на Баерн може да го разочара дел од нивните навивачи, кои традиционално се навикнати на црвени и црно-бели дресови низ годините.
Домашниот дрес на Баерн Минхен за оваа сезона е црвен, а гостинскиот е бел. Тие исто така играа со трет виолетов дрес и верзија со светли бои инспирирани од Октоберфест.

Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



