Баерн со нов рекорд е новиот владетел на Европа
Д М23 авг 2020

Баерн Минхен е новиот европски шампион.
Со победата од 1:0 над ПСЖ, Баварците стигнаа до шестата титула на најдоброто натпреварување во Европа, но оваа сезона направија нешто за што никој досега не успеал.
Баерн е првиот тим во историјата кој стигна до трофејот во Лигата на шампионите, откако ги забележа сите победи на сезоната.
Баварците беа совршени. Тие минаа низ групата со Тотенхем, Олимпијакос и Црвена Звезда со шест победи и потоа двапати го совладаа Челзи во осмина финалето.
Германскиот првак ја совлада Барселона во четвртфиналето, Лион во полуфиналето и конечно ПСЖ во финалето.
Неверојатна низа од 11 победи и 43 постигнати гола.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



