SportM
Фудбал

Бакли и транспарент: Навивачите на ПСЖ брутално ја навредуваа Шакира пред натпреварот со Барселона (ФОТО)

Д М9 мар 2021
Бакли и транспарент: Навивачите на ПСЖ брутално ја навредуваа Шакира пред натпреварот со Барселона (ФОТО)

Фудбалерите на Барселона утре играат на гости против ПСЖ.

Каталонскиот клуб игра реванш осминафинале во Лигата на шампионите и пред нив е речиси невозможна мисија бидејќи на првиот натпревар беа поразени со 4:1 дома.

Јасно е дека утре нè чека голема возбуда на „Паркот на принцовите“ и штета што нема да има навивачи на трибините.

Познато е дека Барса и ПСЖ не се најдобри во однос од спектакуларниот пресврт на каталонскиот клуб пред неколку години и дека страстите не се смирија ниту денес, покажаа навивачите на ПСЖ.

Тие синоќа запалија бакли пред стадионот, и покажаа транспарент во кој е навредена сопругата на Жерард Пике, Шакира.

„Шакира оди во Ла Жонкер“, рекоа навивачите на ПСЖ. Патем, Ла Жонкер е место покрај Жирона кое е познато по своите бордели.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.