SportM
Фудбал

„Барса без Меси добива 5:1, а Реал без Роналдо губи 5:1… Тоа е разликата”

Д М30 окт 2018
„Барса без Меси добива 5:1, а Реал без Роналдо губи 5:1… Тоа е разликата”

Фудбалерот на Јувентус, Жоао Кансело имаше само пофални зборови за својот сонародник и соиграч Кристијано Роналдо.

Во разговор за „Скај Спорт Италија”, Кансело порачува дека Роналдо мора да ја освои Златната топка и дека сè освен тоа би било голема неправда.

„Ако Роналдо не ја освои Златната топка, тоа ќе биде неправда. Тој е најдобриот играч во светот, а и минатата сезона беше надмоќен.” Започна Кансело, кој смета дека Светското првенство не смее да биде единствено мерило кога се доделува оваа награда:

„Ако е тоа мерило, тогаш само одредена група играчи можат да ја добијат таа награда. Ако сте родени во Франција, Германија или Бразил, вие кога тогаш ќе го освоете Светското првенство и еве ги наградите. Поголем е успехот кога Португалија го освојува Европското првенство. Тоа е многу ретко.”

„Минатата сезона Роналдо ја освои Лигата на шампионите и беше нејзин апсолутен победник со 15 постигнати голови. Во која и да е екипа, таа екипа станува подобра за една класа. Доказ е тоа што Барселона без Меси доби 5:1, а Реал без Роналдо изгуби со тој резултат. Тоа е таа разлика.”

„Откако е во Јувентус, Роналдо не само што го подобри квалитетот на екипата, туку и секој негов соиграч стана подобар индивидуално. Милиони луѓе гледаат што прави Роналдо на теренот, а ние имаме среќа да гледаме што прави на тренинзите… Тоа е чудо, спектакл. Тој е најдобриот играч на светот и повторно е гладен за успех и никогаш не попушта. Едноставно, роден е да победува.” Заклучи Кансело.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.