SportM
Фудбал

Барса го прави планот за доведување на Лаутаро

Д М18 фев 2020
Барса го прави планот за доведување на Лаутаро

Каталонските гиганти немаат намера да се откажат од аргентинскиот напаѓач на Интер, кој исто така му се допаѓа и на Реал Мадрид.

Барселона сака трансфер на Лаутаро Мартинез, пренесува италијанскиот портал „Калчомеркато“.

Каталонскиот гигант размислува стратегија да го убеди Интер да го продаде опасниот аргентински напаѓач.

Актуелниот шпански шампион нема намера да ја плати клаузулата за раскинување на договорот од 111 милиони евра.

Сепак, Барса се надева дека ќе плати помалку и се подготвени да му го дадат играчот од средниот, Артуро Видал и да доплатат пари.

Реал Мадрид исто така покажа интерес за Лаутаро.

Затоа, во текот на претстојното лето ќе видиме жестока конкуренција помеѓу двата шпански клуба за напаѓачот на Аргентина, а Интер може да се каже дека дигурно добро ќе профитира од овој трансфер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.