SportM
Фудбал

Барса мора да продаде и да го намали буџетот за 200.000.000!

Д М9 фев 2023
Барса мора да продаде и да го намали буџетот за 200.000.000!

Челниците на шпанската Ла Лига и порачаа на Барселона следната сезона да го намали буџетот за плати, за да не влезе во проблем со финансискиот фер-плеј.

Ситуацијата во моментов е таква што Барселона ќе мора да го намали буџетот за цели 200.000.000 евра, што значи дека на лето ќе мора да продаде дел од играчите со високи плати.

Логично, во центарот на вниманието се Френки де Јонг и Ансу Фати, двајца фудбалери кои летово беа на мета на Манчестер Јунајтед.

Иако двата клуба се договорија за трансферот на Де Јонг, холандскиот играч за врска сепак сакаше да остане во Барселона и се пропадна.

Тој има договор со клубот до 2026 година и во последните четири сезони од договорот теоретски би можел да заработи околу 88.000.000 евра.

Од друга страна, Фати, кој ја нема очекуваната минутажа сезонава, би можел да им се понуди на заинтересираните клубови.

Барселона неговата вредност ја проценува на 101.000.000, а талентираниот напаѓач има неделна плата од 225.000 евра.

Исто така, се верува дека Барселона би можела да го олесни буџетот за плати со заминувањето на Серхио Бускетс, Жорди Алба, Усман Дембеле, Серхи Роберто и Франко Кеси.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.