SportM
Фудбал

Барса нуди 70 милиони евра и двајца играчи за Мартинез

Д М2 мар 2020
Барса нуди 70 милиони евра и двајца играчи за Мартинез

Барселона размислува за иднината.

Лошата сезона ја натера Барса да размисли за зацврстување на тимот за сезоната 2020/21.

Цел број еден ќе биде напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.

„FCInterNews.It“ известува дека Барселона направила понуда од скоро 70 милиони евра и двајца играчи за 22-годишниот.

Тие двајца играчи се Видал и Семедо, едниот вреден 20 милиони, а другиот 40 милиони – што значи дека вкупно Мартинез би ја чинел Барселона 130 милиони евра, додека сегашната клаузула на Аргентинецот е 111 милиони евра.

Се смета дека Барса му нуди на Мартинез 7 милиони евра сезона, плус бонуси.

Лаутаро го сака и Меси, бидејќи многу добро знае со кој игра во Аргентина и го сака на „Камп Ноу“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.