SportM
Фудбал

Барса во „пол позиција“ за Нгол Канте!

Д М11 дек 2022
Барса во „пол позиција“ за Нгол Канте!

Играчот од средниот ред на Челзи, Нголо Канте го напушта клубот по крајот на сезоната, а моментално е најблиску до Барселона.

Оваа вест ја пренесуваат добро упатените каталонски медиуми кои тврдат дека клубот нема ништо против доаѓањето на Канте, туку дека Чави Ернандез прво сака да биде информиран за неговата здравствена состојба.

Канте сезонава има многу проблеми со повреди, практично не ни игра, а на теренот нема да се врати дури во февруари или март.

Неговиот договор истекува на 30 јуни, што е главен плус за Каталонците, бидејќи Канте би дошол без обештетување, исто како Франк Кеси и Андреас Кристенсен ова лето.

И Канте би сакал да го облече дресот на Барселона, но се шпекулира дека го посакува и ПСЖ.

Парижаните имаат гужва и во средниот ред, бидејќи летово пристигнаа Ренато Санчез, Солер, Фабијан Руиз и Витиња, па останува да видиме дали некој може да му ослободи простор.

Од друга страна, Барса се подготвува за живот по Серхио Бускетс, кој не сака да потпише нов договор и по 15 сезони во првиот тим гледа кон Америка, поточно Интер Мајами…

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.