Барселона би можела да направи чудо оваа зима, но се знае во што е клучот

Шпанските медиуми вчера објавија дека Барселона веќе го договорила доаѓањето на Феран Торес од Манчестер Сити.
Торес е голема желба на Чави Ернандез кој верува дека овој напаѓач одлично ќе се вклопи во играта што ја преферира и конечно ќе реши голем проблем на позицијата напаѓач.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона и Сити веќе се договориле за трансферот на шпанскиот напаѓач и дека се ќе биде потврдено во наредните денови. Каталонците за Торес ќе платат 55 милиони евра, а парите ќе бидат исплатени на неколку рати.
Сепак, шпанскиот новинар Жерар Ромеро синоќа објави дека Торес не е единствениот фудбалер кој Барселона сака да го донесе оваа зима.
На списокот со желби е и Матијс де Лихт, кој не е баш задоволен од ситуацијата во Јувентус, па не е тајна дека овој холандски дефанзивец размислува за заминување.
⚠️ DE LIGT sería opción para el #Barça si Umtiti y Coutinho salieran en el #mercato de invierno. Lo estamos contando en https://t.co/vrsj4XOUJL #fcbarcelona #fcblive
— Gerard Romero (@gerardromero) December 22, 2021
Но неговото доаѓање во Барселона поради финансиската ситуација во клубот не е лесно како на Торес. Ако сакаат да го доведат Де Лихт, тогаш јасно е што мора да направи Барселона за да се случи тоа.
Клучот лежи во тоа што Барселона продава неколку играчи и го ослободува буџетот за плати, а тоа пред се се однесува на Филипе Кутињо и Самуел Умтити кои се меѓу најплатените играчи во тимот, а Чави не смета премногу на нив.
Во центарот на вниманието е и Усман Дембеле, од кого клубот очекува да го продолжи договорот и да се согласи на значително помала плата од моментално. Доколку Французинот се согласи на тоа, тогаш ќе се создаде доволно простор Барса да донесе уште едно звучно засилување веќе во јануари.
Дали тоа ќе биде Де Лихт или некој друг, останува да видиме кога ќе започне зимскиот преоден рок.



