SportM
Фудбал

Барселона донесе одлука околу судбината на Антоан Гризман

Д М6 апр 2020
Барселона донесе одлука околу судбината на Антоан Гризман

Веќе некое време се појавуваат шпекулации дека Барселона ќе го продаде Антоан Гризман по само една сезона.

Францускиот напаѓач пристигна во каталонскиот клуб минатото лето од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра. Сепак, тој сè уште не ги исполни очекувањата и има шпекулации дека Барса би можела да го продаде по само една сезона.

Мундо Депортиво пред неколку дена напиша дека Барселона сака да го продаде или да го вклучи Гриезман во трансферот на Нејмар или Лаутаро Мартинез. Каталонците бараат летово да ги доведат Нејмар и Лаутаро, а наводно тие се подготвени да го жртвуваат Гризман.

Сепак, ваквите шпекулации беа негирани од Барселона. Извор близу до каталонскиот клуб откри дека Гризман сигурно не оди никаде ова лето, и дека клубот е задоволен од неговите игри бидејќи на 37 натпревари постигнал 14 голови.

Тој има договор со Каталонците до летото 2024 година и како што се одвиваат работите и следната сезона ќе го гледаме во дресот на Барселона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.