Connect with us

Фудбал

Барселона е причината, еве зошто Гатузо го исфрлил Перишиќ од тимот!

Иван Перишиќ по само седум месеци ја заврши авантурата во Хајдук, а навивачите се бесни затоа што нивниот миленик, кого го повикуваат со години, му го свртел грбот на клубот, тврди тренерот Џенаро Гатузо. Гатузо го исфрли од тимот 35-годишниот Перишиќ во пресрет на гостувањето кај Локомотива, а потоа откри дека Перишиќ му рекол дека сака да го напушти клубот.

Спортскиот директор на Хајдук Никола Калиниќ потврди дека времето на Перишиќ во сплитскиот клуб е завршено, и дека се уште не е одлучено дали ќе има меѓусебен раскин на договорот или трансфер. На хрватските и шпанските медиуми не им требаше многу време да ја дознаат позадината на целата приказна, а она што го објавија навистина се граничи со невозможното.

Имено, според нивните тврдења, Перишиќ има понуда на маса ни помалку, ни повеќе од – Барселона. Тренер на Барселона е Ханси Флик, човекот кој го водеше Перишиќ во сезоната 2019/2020 во Баерн и беше воодушевен од настапите на Хрватот, па приказната за интересот на Барса не е толку изненадувачка. На Флик итно му треба решение на позицијата лев бек, а Перишиќ го гледа како идеално евтино решение, па ќе видиме дали ќе се случи тој трансфер.