Поврзи се со нас

Фудбал

Барселона е во големи финансиски проблеми: Играчите можеби ќе останат без плата?

Финансиската состојба во Барселона е, според шпанските медиуми, никогаш полоша.

И дека тоа го потврди економскиот експерт Марк Сирија, кој тесно соработуваше со поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта.

„Гледате, клубот во моментов користи 30-годишен заем за финансирање на „Еспаи Барса“ (проект за модернизација на инфраструктурата во клубот во Барселона). Тие земаат заеми што не се исплатливи, а фактот дека се свртеа кон „Голдман Сакс“ всушност вели дека не можат да обезбедат заеми од домашните банки. Треба да се додаде дека „Голдман Сакс“ не е таква банка, туку инвестициски гигант чија каматна стапка е од 3 до 4 проценти. И тие функционираат едноставно, кога не можете да платите, се појавува човек кој презема акции или средства”, предупредува Сирија

Шпанските медиуми наведуваат дека тоа не би значело дека споменатиот банкарски фонд ќе стане сопственик на клубот, туку ќе ги препродаде акциите и тогаш може да се случи Барселона да добие нови сопственици.

“Лага е дека коронавирусот има врска со финансискиот проблем. Лага доаѓа од бордот на директори. Пред пандемијата, долговите на Барселона изнесуваат дури 740 милиони евра, а сега се искачија на 820 милиони. Тие должат половина милијарда на домашните банки и не можат повеќе па се свртеа кон „Голдман Сакс“ и секојдневно го зголемуваат долгот за играчите да не останат без приход. Но, што ќе им остават на наследниците”, се прашува Сирија.

 

Advertisement

Facebook

Реклама