SportM
Фудбал

Барселона ги прекина преговорите за трансферот на Лаутаро

Д М31 јул 2020
Барселона ги прекина преговорите за трансферот на Лаутаро

Ла Вангардија, пренесува дека Барселона ги прекинала преговорите за трансфер на Лаутаро Мартинез од Интер сè додека не најде купувачи за Филипе Кутињо, Усмане Дембеле, Самуел Умтими, Рафиња и Жан-Клер Тодибо, кои сакаат да ги продадат.

Каталонскиот весник „Ла Вангардија“ известува дека претседателот на Барселона, Јосеп Марија Бартомеу наредил прекинување на преговорите за трансфер на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.

Тоа е затоа што се очекува клубот да пријави финансиски загуби од 200 милиони евра за сезоната 2019/20 и клубот ќе треба да работи со помал буџет за следната сезона.

Барселона, наводно, постигнала вербален договор со Аргентинецот да дојде на „Камп Ноу“ на петгодишен договор, но сега сите планови се во прашање.

Челниците на каталонскиот клуб се свесни дека пред да купат било какво засилување, тие прво мора да ги продадат играчите, како што се Умтити, Рафиња, Тодибо и Алена. „Ла Вангардија“ пренесува дека клубот најмногу сака да најде клубови заинтересирани за Кутињо и Дембелеен, поради високите плати.

Барселона е предупредувана од Ла Лига по продажбата на Артур на Јувентус дека клубот ќе мора да продаде други играчи пред да го купи бидејќи клубот може да ги прекрши правилата на финансиската искреност на ФФП со трошење повеќе отколку што има профит.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.