Барселона ги шокираше навивачите, а Дембеле повторно беше во центарот на вниманието

Усман Дембеле конечно се врати на терените во вторникот откако беше повреден речиси пет месеци.
Дембеле се повреди за време на Европското првенство и го пропушти стартот на сезоната со Барселона.
Сепак, францускиот фудбалер конечно се опорави и се врати на теренот, а влезе во игра на мечот против Динамо во Киев.
Но, Барселона денеска повторно ги остави без зборови своите навивачи објавувајќи дека Дембеле повторно има проблеми со повреди иако штотуку се врати на теренот.
Барселона соопшти дека Дембеле заработил повреда на задната ложа и дека повторно е надвор од теренот, па се уште не се знае кога ќе се врати.
Да потсетиме, Дембеле пристигна во Барселона пред четири години од Дортмунд за речиси 140 милиони евра како замена за Нејмар, но најголемиот дел од натпреварите ги пропушти поради проблеми со повреди.
За Французинот ова е 11-та повреда само на задната ложа откако е играч на Барселона, а неверојатно е колку овој играч е склон на повреди.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1456249146999021570?



