SportM
Фудбал

Барселона го декласираше Интер, не недостигаа маестрални голови

Д М20 јул 2022
Барселона го декласираше Интер, не недостигаа маестрални голови

Барселона ја започна американската турнеја.

 

Веќе во првиот натпревар Каталонците одиграа маестрално и го декласираа Интер Мајами со 0:6.

Барса поведе во 19. минута со голот на Обамејанг, а во 25. минута новајлијата Рафин погоди за 0:2.

 

За резултатот од првото полувреме 0:3 погоди Фати во 41. минута од натпреварот.

Подолу се уште три топки во мрежата на Интер.

 

Во 55. минута Гави погоди за 0:4, а Депај во 69. минута го заокружи водството на Барселона на 0:5.

 

Конечните 0:6 ги постави Дембеле со гол во 70. минута од натпреварот.

 

Миралем Пјаниќ и Роберт Левандовски не беа во тимот на Барселона и треба да му се приклучат на тимот до крајот на турнејата.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.