SportM
Фудбал

Барселона го договори првото засилување од Ливерпул

Д М26 мар 2019
Барселона го договори првото засилување од Ливерпул

Шпанските медиуми денеска објавија дека Алберто Морено одлучил да ја продолжи својата кариера во Барселона.

Морено е член на Ливерпул веќе неколку сезони, но во последно време не е во плановите на Јирген Клоп. Неодамна се појавиа гласини дека Барселона овој лев бек го сака како резервна опција за Жорди Албу, кој е единствениот играч на таа позиција во каталонскиот клуб.

Дека нешто се случува неодамна потврди агентот на шпанскиот играч кој призна дека бил во контакт со Барселона. Каталонскиот „Спорт“ денеска објави дека преговорите се завршени и дека Морено одлучил да потпише за Барса.

Овој 26-годишен фудбалер ќе дојде во Барселона како слободен играч, и треба да потпише соработката на две години. Морено има високо ниво на игра во Ла Лига откако играше за Севиља пред Ливерпул.

Морено пристигна во Ливерпул од Севиља за околу 15 милиони евра во летото 2014 година. Тој има договор со Ливерпул до крајот на сезоната и ќе го напушти „Енфилд“ во текот на летото како слободен агент.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.