SportM
Фудбал

Барселона го доведува Лаутаро Мартинез во јануари, дури и Лео Меси е вклучен во трансферот

Д М15 јан 2020
Барселона го доведува Лаутаро Мартинез во јануари, дури и Лео Меси е вклучен во трансферот

Барселона се наоѓа во огромни проблеми откако беше објавено дека сезоната е завршена за Луис Суарез.

Уругвајскиот напаѓач мораше да биде подложен на операција поради проблем со повреда на коленото и се очекуваше дека закрепнувањето ќе трае само неколку недели. Но, сите беа во шок кога објавија од Барса дека Суарез ќе биде надвор од терените четири месеци.

Поради тоа го вклучија алармот на „Камп Ноу“ бидејќи испадна дека Суарез е единствениот класичен напаѓач што го има овој тим. Јасно е дека Барселона ќе даде се од себе за да донесе нов напаѓач во јануари, а прв на мета е Карлос Вела кој игра за Лос Анџелес.

Сепак, во Барселона веќе веруваат дека Суарез го дал своето и дека е време да се најде некое подолгорочно решение. Челниците на Барселона сакаат да го доведат Лаутаро Мартинез, кој е брилијантен во Интер оваа сезона.

Италијанските медиуми објавија дека Барселона е решена да ја активира откупната клаузула од 111 милиони евра и да го донесе Лаутаро на „Камп Ноу“ уште во јануари. Но, прашање е дали играчот ќе се согласи на тоа затоа што тој е единствениот што ја донесува одлуката. Интер, од своја страна, сака Лаутаро да потпише нов договор за да ја удвои откупната клаузула, но Аргентинецот сè уште не се согласил со тоа.

Наводно, дури и Лионел Меси е вклучен во сето ова и има задача да го убеди неговиот сонародник да дојде во Барса каде му било ветено дека ќе биде првиот напаѓач и кога Суарез ќе закрепне од повредата.

Лаутаро оваа сезона има одиграно 24 натпревари за Интер и постигна 15 гола. Дали ќе ја прифати поканата на Барселона и Меси ќе се знае многу наскоро.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.