Барселона го претстави Емерсон

Емерсон Ројал денеска беше претставен како нов фудбалер на Барселона.
22-годишниот дефанзивец се приклучи на редовите на каталонскиот клуб од Бетис, со кој Барса ги имаше правата на сопственост на неговиот договор.
Тие одлучија да го преземат неговиот договор од тимот од Севилја и денес овој бразилски фудбалер е претставен како нов играч на Барса.
🤙🇧🇷 𝓑𝓮𝓶-𝓿𝓲𝓷𝓭𝓸 @Emerson_Royal22 💙❤️ pic.twitter.com/NbXKBBKmAX
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 31, 2021
“Пристигнав во клубот. Едвај чекам да започнам со тренинзи. Напред Барса”, изјави Емерсон по пристигнувањето.
Let's go, @Emerson_Royal22! pic.twitter.com/kmXgThnOET
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 31, 2021
Клубот, се разбира, го пречека талентираниот фудбалер, а тој сега се соочува со жестока борба да не го заземе своето место во тимот.
Емерсон одигра 79 натпревари во Примера за Бетис и постигна пет гола, а во кариерата играше и за Атлетико Минеиро и Понте Прето.



