SportM
Фудбал

Барселона го сака Мората

Д М30 дек 2021
Барселона го сака Мората

Барселона ќе се обиде да го засили нападот во јануарскиот преоден рок, а прва желба на тренерот Чави е Алваро Мората.

За разлика од вообичаените трансфери, во случајот на Мората договор мора да постигнат три страни: Атлетико Мадрид кој има договор со Мората, Јувентус каде Мората игра како позајмен и Барселона која сака да го ангажира.

Јувентус сака да се ослободи од Мората, а клубот од Торино е заинтересиран за Аркадиуш Милик и Мауро Икарди. На Атлетико, пак, му требаат пари за да и плати на Барселона отштета за Антоан Гризман. Самиот Мората нема ништо против да се пресели во Барселона.

Шпанскиот репрезентативец оваа сезона во дресот на Јувентус постигна седум гола на 23 настапи. Кариерата ја започна во Реал, а покрај Јувентус и Атлетико настапуваше и за Челзи.

За шпанската репрезентација досега одигра 50 натпревари и постигна 23 гола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.