Connect with us

Фудбал

Барселона го сруши Виљареал, Гризман постигна гол за паметење (ВИДЕО)

Барселона победи како гостин на Виљареал со 4:1 и остана во игра за титулата шампион на Шпанија.

Многу навивачи на каталонскиот тим се плашеа од овој натпревар, со оглед дека „жолтата подморница“, е во одлична форма.

Сепак, Барса одигра феноменален натпревар и на крајот целосно го распарчи Виљареал на овој натпревар.

Првиот гол се виде во третата минута. Торес ја погоди сопствената мрежа за 0-1, но предноста на Барселона траеше до 14-та минута кога Морено погоди за 1-1.

Луси Суарез му донесе нова предност на Барселона со феноменален гол за 1:2 во 20-тата минута од натпреварот, а во 45-тата минута чудесен гол постигна Антоан Гризман за 1:3 .

Во продолжението на натпреварот, Барселона штотуку ја заврши работата. Во самиот финиш на натпреварот, Ансу Фати постигна гол за конечни 1:4.

Барселона на тој начин остана во игра за титулата со Реал, но Кралевите сепак се на плус четири.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама