Барселона и Баерн Минхен се натпреваруваат за Почетино
Д М21 ное 2019

Барселона и Баерн Минхен се во трка да ги обезбедат услугите на аргентинскиот селектор Маурисио Почетино.
Почетино беше разрешен во вторникот од тренерската позиција на Тотенхем 11 месеци откако ја предводеше екипата во финалето на Лигата на шампионите.
Барселона и Баерн Минхен сега ќе се „борат“ за него, пишува „The Sun“.
Почетино беше отпуштен по ужасниот старт на сезоната во Премиер лигата, со тоа што Тотенхем моментално се наоѓа на 14-то место, но тој би можел да најде нов тим многу наскоро.
Барса сака да го замени Ернесто Валверден со Аргентинецот.
Но, за да го стори тоа, мора да ја победи конкуренцијата, Баерн Минхен, германскиот го отпушти тренерот Нико Ковач овој месец и се уште ја бара неговата долгогодишна замена.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



