Барселона испрати понуда за Гарсија, што до солзи ги насмеа лидерите на Манчестер Сити

Шпанскиот дефанзивец Ерик Гарсија го направи своето деби во првиот тим на Манчестер Сити оваа сезона.
Гарсија успеа да одигра 17 натпревари во првата сезона и да остави многу добар впечаток. Но, многумина беа разочарани кога Пеп Гвардиола објави дека Гарсија му открил дека не сака да го продолжи договорот бидејќи сака да ја продолжи кариерата во друг клуб.
19-годишниот стопер е роден во Барселона, но дошол во академијата на Сити пред четири години. Сепак, Гарсија изрази желба да се врати во Барселона откако овој клуб покажа интерес за него.
Гарсија има договор со Сити до летото 2021 година, а двапати одби да ја продолжи соработката. Јасно е дека граѓаните ќе го стават на трансфер-листата затоа што не сакаат тој да замине следното лето без надомест.
Барселона отворено покажа интерес да го врати во своите редови, па дури и ја испратија првата понуда. Сепак, оваа понуда ги натера лидерите на Манчестер Сити да се смеат затоа што понудија „само“ десет милиони евра.
Граѓаните сакаат минимум 20 милиони евра за овој 19-годишник, кого го доведоа за 1,5 милиони евра од каталонскиот клуб пред четири години.



