SportM
Фудбал

Барселона избра напаѓач

Д М5 фев 2020
Барселона избра напаѓач

Барселона избра напаѓач за да ги засили своите редови во следните неколку дена.

По повредата на Усман Дембеле за која заврши сезоната малку порано, исто како и за Луис Суарез, Фудбалската федерација на Шпанија ќе одобри дополнителен потпис за тимот од „Камп Ноу“.

Каталонците веќе побараа да им се даде ова право, и тие веќе избраа напаѓач. Тоа е напаѓачот Анхел Родригез од Гетафе.

Искусниот 32-годишен фудбалер во договорот има клаузула од девет милиони евра. Барселона нема друг избор освен да ја активира, па Анхел до крајот на сезоната би можеле да го гледаме во дресот на каталонскиот тим.

Анхел има одиграно 27 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања за тим од предградието на Мадрид, постигнувајќи 13 голови.

Ќе видиме како ќе се снајде во Барселона, што секако би бил огромен предизвик за него.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.