SportM
Фудбал

Барселона ја бара титулата, ако Ла Лига повеќе не се игра

Д М15 мар 2020
Барселона ја бара титулата, ако Ла Лига повеќе не се игра

Барселона смета дека заслужува да биде прогласена за шампион во сезоната 2019/20 доколку првенството повеќе не се игра откако беше откажано заради коронавирус.

Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона ќе побара од шпанската фудбалска лига да и ја предаде шампионската титула, ако шампионатот повеќе не се игра поради тешка состојба на коронавирус.

Со 11 седмици кои останаа до крајот на првенството, Барселона размислува за сценарио според кое можеби Ла Лига нема да започне повеќе.

Постои правило во федерацијата 118 во која се вели дека, во случај на вонредна состојба, првенството може конечно да биде суспендирано во соработка со надлежните органи.

Каталонците во моментов се на првото место во Ла Лига, со 2 бода повеќе од Реал и ако првенството биде откажано целосно, ја сакаат титулата.

Постојат и други сценарија шампионатот да продолжи во мај, па дури и во јуни, ако УЕФА конечно одлучи да го откаже Европското првенство.

Веќе сме во вонредна состојба, која го зафати светот поради вирусот КОВИД-19 и секако, засега фудбалот не е ниту во преден план, ниту во втор.

Во Англија се зборува и за целосно откажување на првенството, но за разлика од Шпанија, има гласини дека сакаат да го поништат, што значи дека и по 30 години, Ливерпул ризикува да остане без трофеј.

Сепак, ова се само гласини во овие тешки денови за целиот свет заради коронавирус, па останува да се види како ќе испаднат работите.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.