Барселона ја прави трета понуда за Родриго, трансферот поблизу од кога било

Трансферот на Родриго во Барселона сега може да биде поблизу од кога било. Каталонскиот клуб ја поднесе третата понуда, која надминува 60 милиони фунти, односно 70 милиони евра, со надеж дека ќе биде доволна за да ги убеди раководителите на Манчестер Сити, поточно Феран Соријано и Уго Виана, кои ги водат преговорите за шпанскиот капитен.
Барселона првично направи понуда од 45 милиони евра, потоа ја зголеми за 25%, на 60 милиони, додека сега достигна 70 милиони евра. Овој пат, каталонците се надеваат дека понудата ќе биде конечна.
Барселона подготвува четиригодишен договор за мадридскиот играч од средниот ред, кој со месеци му ја изразуваше на Манчестер Сити својата желба за заминување. Родриго би се вратил дома, седум години по заминувањето кон Премиер лигата, откако освоил се’ што може да се освои.
Тој беше прогласен за најдобар играч на “Евро 2024” и Светското првенство 2026, како еден од главните играчи на златната ера на шпанскиот фудбал. Во четвртокот вечер, Родриго отпатува за Манчестер и во петокот се појави во тренинг центарот. Новиот тренер, Енцо Мареска, изјави: „Го прегрнав силно“.



