SportM
Фудбал

Барселона казнета поради прекинот на Ел Класико

Д М21 дек 2019
Барселона казнета поради прекинот на Ел Класико

Последното Ел Класико не донесе никакви хитови. Заврши 0-0, но затоа ’гореше’ околу стадионот.

Поточно, повеќе од 50 лица се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите.

Самиот натпревар беше прекинат една и пол минута поради навивачите на домашната екипа кои фрлаа топки.

Судијата Ернандез потоа ја одложи средбата, а Барса ја дозна и казната. Станува збор за 1500 евра, а постои можност и за затворање на стадионот.

По 17 одиграни кола во ЛаЛига, Барселона е лидер со 36 бода и Реал има исто толку, но помала гол разлика.

https://twitter.com/footballontap/status/1207559523445067776

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.