SportM
Фудбал

Барселона ќе биде без Луис Суарез некое време

Д М4 ное 2019
Барселона ќе биде без Луис Суарез некое време

Барселона беше поразена од Леванте со 3:1.

Каталонците го регистрираа својот трет пораз во Ла Лига оваа сезона, водеа на полувреме со 1:0, но во второто, домашната екипа постигна три гола за само седум минути и славеше на крајот.

Покрај поразот, дополнителна главоболка на Ернест Валверде му припаде повредата на Луис Суарез кој мораше да го напушти теренот во 41. минута поради повреда.

Уругваецот се здоби со повреда на десната нога и шпанските медиуми пренесуваат дека тој ќе биде надвор од терените три недели.

Суарез на тој начин ќе го промаши натпреварот во Лигата на шампионите против Славија што Барселона го игра оваа недела, како и натпреварите против Селта и Леганес во лигата, а не се знае дали тој ќе биде подготвен за дуелот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Минатата сезона 32-годишниот напаѓач имаше неколку повреди, а ова е негова прва за оваа сезона во која досега има одиграно 12 натпревари и има постигнато 8 гола.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.