SportM
Фудбал

Барселона може да остане без надоместок за Гризман ако фудбалерот одигра помалку од 50 отсто од натпреварите во 2022/23

Д М6 сеп 2021
Барселона може да остане без надоместок за Гризман ако фудбалерот одигра помалку од 50 отсто од натпреварите во 2022/23

Марка ги објави детелите за трансферот на Антоан Гризман од Барселона во Атлетико.

Триесетгодишниот напаѓач се пресели во мадридскиот клуб на бесплатна позајмица. Овој договор може да се продолжи за уште една година.

Ако Гризман одигра минимум пола од натпреварите на Атлетико во 2022/23 година, тогаш „душекџиите“  ќе можат да го откупат за 40 милиони евра. Ова е максималната сума што Барса може да ја добие од Атлетико за Гризман, и ги вклучува сите бонуси што беа наведени во договорот помеѓу клубовите.

Доколку Французинот одигра помалку од 50 отсо од натпреварите на Атлетико, тој бесплатно ќе се пресели во мадридскиот клуб.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.