Барселона му должи неверојатна бројка на Јувентус за трансферот на Миралем Пјаниќ

Миралем Пјаниќ веќе еден месец не е жител на Барселона.
Искусниот играч за врска на БиХ поради ограничената минутажа реши да го напушти каталонскиот гигант, а кариерата ја продолжи во Ал Шарја од Обединетите Арапски Емирати.
Пјаниќ беше под договор со Барселона нешто повеќе од две години. На Камп Ноу дојде од Јувентус во трансфер вреден 60 милиони евра.
Сепак, торинскиот тим се уште ја нема добиено целата сума од Барселона иако поминаа две години од завршената работа. Каталонците и должат на Старата дама дури 36 милиони евра за играчот од средниот ред на БиХ.
View this post on Instagram
Познато е дека Барселона е во огромни финансиски проблеми. Долгот надмина милијарда евра, а за да се ослободи барем од дел од големиот товар, клубот реши да продаде дел од својот имот.
Сепак, долгот е сè уште огромен. Се чекаат нови финансиски извештаи кои точно ќе покажат колку се намалени долговите.
Треба да се напомене дека од трансфер парите клубот од Камп Ноу на Ливерпул му должи и 14 милиони евра за трансферот на Филипе Кутињо.
За време на двегодишниот престој во Барселона, Миралем Пјаниќ одигра само 30 официјални натпревари и немаше ефект. Една сезона помина на позајмица во Бешикташ.
Кога виде дека со Чави Ернандез го чека истиот третман како што го имаше со Роналд Куман, реши да си замине и среќата ја најде на Емирати.
Тој започна добро во својот нов клуб и постигна гол и асистенција на двата натпревари кои ги одигра.



