SportM
Фудбал

Барселона – Наполи нема да игра на Камп Ноу, подготвени се два стадиони

Д М30 јул 2020
Барселона – Наполи нема да игра на Камп Ноу, подготвени се два стадиони

Има се помалку и помалку шанси реваншот од осмина финалето од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Наполи да се игра на Камп Ноу, јавуваат странските медиуми.

Натпреварот ќе се игра на 8 август, а очигледно земја домаќин ќе биде Португалија, каде веќе се подготвени два стадиони да бидат домаќини на шпанските и италијанските претставници.

УЕФА побара од каталонскиот министер за здравство зелено светло, сепак, да обезбеди одредени гаранции што ќе ги обезбедат сите учесници на натпреварот на Камп Ноу, но одговорот сè уште не е пристигнат.

Португалскиот весник „О Јого“ ја објави веста дека Порто и Гимараеш веќе ги ставија на располагање своите стадиони, додека медиумите во Апенините наведуваат дека Барса инсистира на тоа да го одигра мечот на нивниот стадион.

УЕФА покажа голема загриженост и ќе донесе конечна одлука многу скоро. Првиот натпревар одигран на стадионот „Сан Паоло“ заврши со резултат 1:1.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.