Барселона не се откажува од Лаутаро

Челниците на Барселона не се откажуваат од аргентинскиот напаѓач и ќе се обидат да го донесат на лето.
Барселона подготвува понуда за Лаутаро Мартинез.
Барселона ќе се обиде да го засили својот тим на лето, а Лаутаро Мартинез е веќе желба на Каталонците. Неговата клаузула за обештетување изнесува 111 милиони евра.
Две години Интер ги одбиваше нападите на Барселона и сите понуди, но неодамна околностите се променија. Во меѓувреме,. Сопствениците на Интер бараат нови инвеститори, додека на Камп Ноу дуваат некои подобри ветрови по доаѓањето на Жоан Лапорта за претседател.
„Rac1“ во Шпанија тврди дека Барса ќе стори се за да го донесе Мартинез на лето. Првиот избор беше Ерлинг Халанд, но Борусија бара 180 милиони евра, а самиот играч изрази желба да замине во Реал Мадрид.
Се верува дека 23-годишниот Лаутаро е првата опција во нападот кога станува збор за желбите на Барселона, иако е можно и Серхио Агуеро, друг Аргентинец, кој вчера ја потврди разделбата со Манчестер Сити, да ја пополни позицијата.



