SportM
Фудбал

Барселона нуди двајца за Лаутарo

Д М19 мај 2020
Барселона нуди двајца за Лаутарo

Барселона, наводно, им ги нуди на Интер Нелсон Самедo и Жуниор Фирпо, и одредена сума пари, за аргентинскиот напаѓач Лаутарo Мартинез.

„Gazzetta dello Sport“ пишува дека на овој начин Барселона сака да ја намали откупната клаузула на Мартинез, која изнесува 111 милиони евра. Сепак, иако Интер може да прифати играч во замена, тие пред се се заинтересирани за пари, па затоа сакаат да соберат 90 милиони евра (+ играч) за Мартинез.

Жуниор Фирпо има остварено 16 настапи за Барселона оваа сезона, но сепак е само замена за Жорди Алба како лев бек.

Фирпо пристигна во Барса летово од Бетис, но многумина веруваат дека Каталонците би можеле да му дозволат да го напушти „Камп Ноу“ во следниот трансфер период, доколку веќе не го користат во трансфер пакетот за Лаутарo.

Самедо дојде во Барселона во 2017 година од Бенфика за околу 35 милиони евра. Тој имаше светли моменти, но со текот на годините тој сепак не успеа да се избори за статусот на стандарден играч на првиот тим.

Затоа оваа година Семедо е поврзан со можни трансфери во неколку европски клубови, а којзнае, можеби тој ќе заврши во Интер …

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.