Connect with us

Фудбал

Барсeлона одигра 21 натпревар на „Камп Ноу“ со дефекти што им се закануваа на гледачите

Гледачите кои беа присутни на 21 натпревар на  „Камп Ноу“ во 2019 и 2020 година биле изложени на опасност по нивните животи. Според „Ла Вангуардија“, летото 2019 година, компанијата одговорна за реновирање на стадионот „Никен“ побарала извештај од инженерска компанија за состојбата на арената. Се покажа дека 127 проблеми на стадионот бараат итни решенија, а 44 од нив претставуваа непосредна опасност за посетителите поради закана од паѓање на фрагменти од зградата во премини или области каде има концентрација на гледачи.

Извештајот беше предаден на управата на клубот, предводена од тогашниот претседател Жозеп Бартомеу. Сепак, претходното раководство на клубот не сметаше дека реновирањето на „Камп Ноу“ е итна работа.

Како резултат на тоа, од пролетта 2019 година до есента 2020 година, стадионот одигра 21 натпревар, вклучувајќи ги и натпреварите од Лигата на шампионите и средбата со Реал Мадрид, кога гледачите беа во потенцијална опасност.

Прашањето почна да се решава со доаѓањето на Карлес Тускетс, вршител на должноста шеф на клубот, и продолжи под водство на актуелниот претседател, Жоан Лапорта. Сега е безбедно да се биде на „Камп Ноу“, деловите кои претставуваа опасност се поправени.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама