SportM
Фудбал

Барселона отсече една снимка од соблекувалната, не е тешко да се погоди зошто (ВИДЕО)

Д М7 фев 2022
Барселона отсече една снимка од соблекувалната, не е тешко да се погоди зошто (ВИДЕО)

Барселона го победи Атлетико Мадрид со 4:2 во дербито во неделата и со тоа покажа дека има квалитет за самиот врв на табелата, без разлика на кризата во која се наоѓа подолго време.

Избраниците на Чави одиграа одличен натпревар и на крајот славеа многу важна победа во борбата за пласман во Лигата на шампионите, а по натпреварот надежниот тренер и некогаш голем фудбалски мајстор реши да влезе во соблекувалната и да ги поздрави сите играчи.

Сакаше да им оддаде почит на сите за тоа што го направија на мечот со Атлетико, па ги пречека сите, без разлика дали играле или не, но она што е интересно и што го забележаа медиумите во Шпанија, Барселона реши да не прикаже еден детал.

Имено, на официјалниот сајт на Барселона е објавено видео од соблекувалната, а недостига моментот кога Чави се поздравил со одметникот Усман Дембеле. Поради некоја причина, се отсекува детал кога Чави ќе му честита и на Дембеле.

Ова е веројатно само уште еден показател за тоа колку е непожелен Дембеле. Да потсетиме дека Французинот одби да го продолжи договорот со клубот и сака да го смени тимот на лето како слободен.

Тој одби да ја напушти Барселона за време на зимскиот преоден рок, а со тоа дополнително му наштети на тимот кој не успеа да заработи ништо бидејќи неговиот договор истекува за шест месеци. Тој претходно го уценуваше клубот и бараше некои нереални бројки.

Трибините на Ноу Камп го исвиркаа Дембеле, но Чави подоцна се однесуваше џентлменски, барајќи од нив да не свиркаат ниту еден играч во нивниот клуб, па дури ни Французинот, кој се уште е во списокот, иако се мислеше дека ќе биде испратен на трибините како казна за се.што го правеше изминативе неколку месеци.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.