Connect with us

Фудбал

Барселона подготвува револуција во тимот, овие седум играчи дефинитивно можат да си ги спакнат куферите

Новото раководство на Барселона сака во следниот преоден рок целосно да го обнови тимот.

Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ наведува дека новото раководство на клубот, предводено од претседателот Лапорта, решило да направи големи промени по уште една неуспешна сезона.

Дури 14 играчи можат да заминат, односно ќе бидат продадени на други екипи, а покрај можните засилувања, примарна цел е да се убеди Лионел Меси да потпише нов договор. Аргентинецот станува слободен агент на лето и не сакаат да го загубат на „Камп Ноу“.

Иако 14 играчи се наоѓаат на списокот на трансфери во заминување, имињата на седум се објавени и тие се: Миралем Пјаниќ, Нето, Самуел Умтити, Јуниор Фирпо, Матеус Фернандес, Филип Кутињо и Мартин Брајтвајт. Статусот на уште некои играчи не е целосно познат, но сигурно ќе се разгледа доколку дојдат понуди.

Значи, репрезентативецот на БиХ е еден од отпишаните. Тој дојде како големо засилување во замена за Артур од Јувентус, но Куман целосно го стави во втор план и не играше во последно време, а исто така беше повреден.

„Мундо Депортиво“ додава дека до четири играчи можат да дојдат во Барселона. Ерик Гарсија ќе се приклучи на клубот по оваа сезона, а клубот преговара со Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Георгини Вијналдум. Последните двајца би можеле да дојдат во клубот од каталонскиот главен град само доколку Роналд Куман остане како тренер.

Барселона испадна рано од Лигата на шампионите, и успеа да го освои само Купот. Теоретски, Барселона сè уште може да ја освои титулата во Ла Лига, но шансите се навистина мали.

На две кола пред крајот Атлетико Мадрид води со 80 бода, Реал Мадрид има 78, а Барселона 76 бодови.