SportM
Фудбал

Барселона потврди: Тренинзите ќе продолжат утре, играчите ќе добијат специјални упатства

Д М7 мај 2020
Барселона потврди: Тренинзите ќе продолжат утре, играчите ќе добијат специјални упатства

Барселона денес потврди дека никој од играчите и членовите на првиот тим не е заразен со коронавирус.

Каталонците вчера го направија тестирањето, а денес добија зелено светло за да започнат со тренинзите. Фудбалерите на Барселона ќе тренираат утре, а во почетната фаза тренинзите ќе се одвиваат во помали групи.

Барселона вечерва потврди дека тренингот на првиот тим е закажан за утре во 9:30 часот, по пауза од скоро два месеци. Исто така, на играчите им беа дадени упатства за тоа како треба да се однесуваат и кои правила мора да ги следат.

По пристигнувањето во тренинг центарот, нивната температура ќе се мери, а секој од нив ќе влезе во клупските простории одделно.

Исто така, добија наредба да се подготват за тренинг во нивниот дом и да дојдат во тренинг центарот во опрема за да избегнат средба со играчите во соблекувалните.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.