SportM
Фудбал

Барселона реагираше на одлуката да не се додели Златната топка, на многумина не им се допаѓа тој став

Д М20 јул 2020
Барселона реагираше на одлуката да не се додели Златната топка, на многумина не им се допаѓа тој став

За прв пат во историјата, Франс Фудбал нема да ја дели Златната топка, престижната награда за најдобар играч во светот.

Златната топка ќе остане во сопственост на Лионел Меси, иако се очекуваше оваа сезона да ја добие Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн, кој на 43 меча има постигнато вкупно 51 погодок.

Меси сигурно би бил во поблиска конкуренција за наградата, исто како и Кристијано Роналдо, но тој и Барселона не беа на вистинското ниво оваа сезона, барем добар дел од тоа.

Меси постигна 30 голови на 42 натпревари, но можеби тоа не би било доволно за Златната топка …

Кристијано Роналдо, од друга страна, постигна 32 погодоци на 41 натпревар на Јувентус, но одлуката на Л’Екипе најтешко ја погоди Барселона, која беше меѓу првите кои реагираа.

„Разбираме. Патем, секој знае кој е најдобриот“, рече Барселона.

Секако, навивачите на некои други европски великани и навивачите на Роналдо веднаш коментираа дека нема никаква смисла Барселона да реагира после една сезона како оваа и да ги убеди сите, Меси повторно да биде избран за најдобар играч.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.