Connect with us

Фудбал

Барселона се откажа од Мората и се сврте кон човек кој постојано е во центарот на вниманието

Екипата на Барселона се откажа од ангажирањето на Алваро Мората.

Каталонскиот тим не успеа да се договори со Јувентус и Атлетико Мадрид за трансферот на Мората.

Торинскиот гигант не сакаше само да го пушти Шпанецот без адекватна замена, а Атлетико од Каталонците побара отштета од 40 милиони евра.

Барселона не сакаше да ја даде таа цифра за играчот. Тие решија да се откажат од Мората и да се свртат кон втората опција.

Фудбалерот на ПСЖ, Мауро Икарди сега се поврзува со Барселона. Наводно, тимот од Камп Ноу ќе се обиде да го донесе на позајмица и ќе видиме дали тоа навистина ќе се случи.

Мауро Икарди својата европска авантура ја започна во Барселона. Тој како 15-годишник пристигна од Аргентина, но три години подоцна замина во Италија.

Иако имаше одлични партии, особено во дресот на Интер, Икарди е многу попознат по она што го прави надвор од теренот и по односот со Ванда Нара.

Постојано е во центарот на вниманието, а доаѓањето во Барселона уште повеќе би привлекло внимание на неговиот приватен живот.

 

Реклама

Facebook

Реклама